Холандскиот фудбалер Рајан Бабел е нов играч на турски Галатасарај.Бабел потпиша договор на три години за плата од 2.500.000 евра годишно.

Во јануари оваа година Бабел дојде во Фулам каде помина шест месеци, а откако лондонскиот клуб испадна од Премиер лигата, Бабел остана без клуб, го одбра токму Галатасарај.

За Бабел ова ќе биде трета авантура во Турција. Играше за Касимпаша од 2013 до 2015, а потоа помина две сезони за Бешикташ и ја освои шампионската титула.