Првиот оперативец на Монца, Адриано Галиани потврди дека се видел со Златан Ибрахимовиќ минтата недела и потврди дека напаѓачот е само сон за повеќето клубови во Италија.

„Се видов со Ибрахимовиќ минатата недела, врската меѓу нас двајца сеуште есилна, но неговата плата е надвор од нашиот домен. Мислам дека платата која бара и добива е проблем за многу клубови во Серија А.“ – изјави Галиани.

Ибрахимовиќ сеуште нема одлучено дали и во следната сезона ќе игра за Милан или одново ќе го менува клубот ова лето.

Според последните најави, ветеранот не е задоволен од начинот на кој е воден Милан и поради ова размислува да си замине.