Суперлигата ја возбуди европската фудбалска јавност, живееше кратко а во неа останаа само три клуба, колапсот е комплетен, УЕФА ја уништи иницијативата.

Во моментот, Барселона, Реал Мадрид и Милан се единствените три клуба кои официјално не се откажаа од проектот.

Први „бродот“ го напуштија клубовите од Англија, следуваа реакции од Интер и Јувентус, а и Атлетико се откажа во меѓувреме, сега само двата клуба од Шпанија и Милан од Италија се дел од проектот кој со сигурност во скоро време нема да биде „жив“.