Третиот пораз во низа во Серија А донесе дополнителен притисок по управата на Милан но и по Марко Џампаоло.

Фиорентина буквално го надигра тимот на Џампаоло а навивачите веќе очекуваат промени. Нов тренер и поинаква фудбалска филозофија. Но предвоникот на Милан верува дека тој е вистинското решение.

„Го немавме менталниот мир за да играме со желба за да победиме. Јасни ми се обврските но јас верувам во моите идеи и не размислувам за повлекување. На моменти се чинеше како прв пат да играме заедно. Ќе мора да покажеме нешто поинакво на следните натпревари ако сакаме да докажеме дека имаме карактер.“ – изјави Џампаоло по поразот од Фиорентина.