Тренерот на Олимпик Лион, Руди Гарсија го очекува тежок двомеч во Лигата на шампиони против Јувентус и Кристијано Роналдо.

Првиот меч се игра во Франција, а Лион ќе биде ослабен со неиграњето на Мемфис Депај, кој ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната.

„Ова е одлична можност за моите момци да се прикажат во најдобро светло. Ако ги елиминираме тоа ќе биде историски успех. Особено без Депај, тој е нашиот Роналдо. Замислете го Јуве без ЦР7. Како да се запре Роналдо? Единствено ако не допатува во Франција-изјави за Гарсија за „Кориере Дело Спорт“.

Поранешниот тренер на Рома ќе се соочи со своите поранешни фудбалери од „Римската Волчица“ Војчич Шчесни и Миралем Пјаниќ кои сега го носат дресот на „бјанконерите“.