Тренерот  на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, изјави дека  дека има чувството во пресрет на дуелот со Валенсија од Лигата на шампиони дека во Шпанија ситуацјата со коронавируот е како во Италија од пред еден месец.

Тимот од Бергамо има предност од 4-1 по првиот меч во Италија, но Гаспарини е свесен дека Валенсија нема да се откаже од намерата да направи пресврт.

„Нема да размислуваме на резултатот од првиот натпревар. Ќе пробаме да одиграме најдобро што можеме. Знаеме дека Валенсија на „Местаља“ е опасен тим, но мора да ја сочуваме предноста од првиот меч“-изјави Гаспарини.