Аталанта вечерва и гостува на Валенсија, реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Првата средба во Бергамо заврши со убедлива победа на Аталанта со 4-1, Џан Пјеро Гасперини смета дека екипата и покрај високата победа мора да исполни еден услов за прогрес во четвртфиналето.

„Резултатот од првата средба ни дава самодоверба, секако ако сакаме пласман во четвртфиналето мораме да постигнеме најмалку еден гол на реваншот. Работиме на психолошкиот аспект на натпреварот, екипата беше одлична на првата средба, но мораме да бидеме на потребното ниво и во Валенсија“ – изјави Гасперини.