Аталанта вечерва игра историски натпревар, се среќава со ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите, аутсјадери се, но можат да испишат клупска историја.

Клубот од Бергамо нема што да загуби, играат интересен и офанзивен фудбал, беа најефикасни сезонава во Италија, тренерот Гасперини најави дека нема да се бранат против ПСЖ.

„Ние покажавме дека клуб кој сите го отпишаа може да изненади во Европа. Ние сме мотивирани и добро подготвени, ПСЖ е фаворит, но ние нема да се браниме. Нејмар е еден од најдобрите играчи на светот и очекувам да ни прави многу проблеми, нема да отстапам од нашата игра, ќе нападнеме“ – изјави Гасперини.

Аталанта и ПСЖ вечерва играат од 21 часот.