Додека Италија се подготвува за најавениот рестарт на Серија А, тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини јавно проговори за деновите кога бил заразен со Ковид-19 и за хоророт кој го преќивеал пред и за време на дуел со Валенсија во ЛШ одигран на „Местаља“ на 10 март зад затворени врати.

„Бев исплашен, еден ден пред натпреварот бев болен, попладнето се се` влоши. Едвај преспивав некој саат последните две ноќи. Немав температура но имав треска, на секој две минути слушав како поминуваат амбулантни возила, како да бевме во војна. Се прашував што ми се случува, што моќам да направам.“ – изјави Гасперини.

Предводникот на Аталанта призна неодамна бил повторно тестиран за коронавирус и дека тестот покажал дека има антитела, но како што и самиот вели, тоа не го прави имун на болеста.