Реал Мадрид со помош на судиите и со малку среќа славеше на гостувањето кај Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампионите со 1:0.

Фројлер доби директен црвен картон во 17 минута, откако главниот судија Штилер реши да го казни за прекршок за кој можеби немаше основа ни за жолт картон.

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека е горд на неговите играчи, причината за поразот лежи во неправилно досудениот црвен картон.

„Едноставно не можевме да го одиграме натпреварот како што планиравме, но со еден прекршок и една претерана судиска одлука, натпреварот отиде во друг правец. Доколку некој не знае да процени дали е тоа контакт и ли прекршок, не треба да ја работи оваа работа, не сакам да кажам ништо повеќе, бидејќи УЕФА ќе ме казни со два месеца суспензија. Резултатот во таква ситуација е не е лош, не се предаваме“ – изјави Гасперини.