Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, потврди дека тренерот, Бепе Јачини, исто така, имаше Коронавирус последните неколку месеци.

КОВИД-19 се рашири низ составот и персоналот на „виолетовите“, вирус кој го имаа околу 10-тина луѓе од клубот. .Меѓуни нив беа вклучени членови на медицинскиот персонал, директорот Даниеле Праде, како и играчите  Душан Влаховиќ, Патрик Кутроне и многу други..

„Нашиот тренер исто така беше болен во последните неколку месеци, а јас не го знаев тоа. Тој ја има целата моја поддршка“– изјави  Комисо на денешната прес-конференција.

Тренерот на Аталанта, Гасперини, исто така, пред неколку дена призна дека бил позитивен на КОВИДЕ-19, иако тој не бил свесен се додека не се тестирал.