Минатогодишното чудо во Европа, Аталанта го совлада Лацио во Рим со 4:1 и најави дека и оваа сезона ќе биде сериозна закана за секој противник.

Предводникот на тимот од Бергамо, Жан Пјер Гасперини беше задоволен од тоа што виде против Лацио, но не дозволи победата да ја подигне еуфоријата повеќе од потребното.

„Ова е тим кој верува во себе, имаме одличен баланс во екипата и неверојатно силни личности. Постигнуваме многу голови и нашата амбиција е секогаш да се обидуваме да напредуваме. Не сме меѓу фаворитите за титулата, за тоа се борат Јувентус, Интер и Наполи. Мене ова прашање може да ми го поставите повторно по 20 кола.“ – изјави Гасперини.