Аталанта сезонава има историски резултати, пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите е неверојатен резултат на клубот од Бергамо.

Еден од главните „ виновници“  за овој успех на Аталанта е тренерот Џан Пјеро Гасперини, тој смета дека Валенсија е многу опасна екипа,  но се е „наместено“ неговиот тим да оствари добар резултат вечерва.

„Влегуваме со многу емоции на овој натпревар, мора да го дадеме најдоброто од себе ако сакаме добар резултат. Се е на наша страна, сите се подготвени за овој натпревар, Валенсија ги победи Челзи и Ајакс на гости, тие се многу опасни. Ние мораме да бидеме внимателни и да не играме со многу еуфорија“  – изјави Гасперини.

Средбата меѓу Аталанта и Валенсија се игра на „Сан Сиро“ во Милано од 21 часот.