Наполи не само што не ја оправда фаворитската улога против АЗ Алкмар во воедното коло од Лига Европа, туку и загуби од тим кој поради Ковид-19 немаше 13 првотимци во конкуренција за настап.

Џенаро Гатузо очекувано не беше задоволен од резултатот, воедно предводникот на Наполи ги нападна своите фудбалери и посочи дека овој пораз мора да се искористи како лекција.

„Не смеевме така да го загубиме натпреварот. Го имавме поседот на топката и тоа е добро, но потоа бевме стерилни, повеќе го скокоткавме противникот отколку што го повредивме. Мора да имаме поголема желба за успех, денеска не направивме доволно добри нешта кога ја имавме топката. Дозволивме противникот да ја искористи единствената шанса, таквите работи се случуваат во Европа и ова треба да биде лекција за нас.“ – изјави Гатузо.