Се чинеше дека легендарниот Џенаро Гатузо ќе ја предводи Фиорентина следната сезона, но тој  ја напушти побрзо отколку што дојде до неа.

Според медиумите, контроверзниот суперагент Жорж Мендеш се обидува да го однесе во англискиот тим Тотенхем свежо отпуштениот Џенаро Гатузо.

Доколку работата му биде доверена на Гатузо, поранешениот дефанзивен играч за врска на Милан и Италијанската репрезентација, тоа ќе биде само негова трета тренерска позиција надвор од Италија.

Кариерата ја започна во Сион, работеше и на ОФИ Крит, а во својата земја ги водеше Палермо, Пиза, Милан и Наполи со кои разочара во последната рунда од сезоната.