Раководството на Наполи дефинитивно ќе раскрсти со сегашниот тренер Џенаро Гатузо, кој дојде на местото на Карло Анчелоти, но кој дополнително ја продлабочи кризата во клубот.

Сите резултати на Гатузо се полоши од тие поради кои доби отказ Анчелоти. Наполи со Гатузо освојува просечно по 1,13 бода по натпревар, со Анчелоти освојуваше 1,4, постигнува по 1,5 гол по натпревар, со Анчелоти по 1,6, и прима по 1,86 голови по натпревар, а при Анчелоти примаше по 1,26.

Раководството на Наполи моментално разгледува три кандидатури: тренерот на Верона Иван Јуриќ, тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини и поранешниот тренер на Интер Лучано Спалети.