Наполи во летниот преоден рок ќе тргне по потписот на Хакан Чалханоглу, кој во моментот го носи дресот на Милан и Диого Јота кој е дел од Вулверхемтон.

Ова лето се очекува Наполи да доживее целосна реконструкција на тимот, бидејќи голем дел од играчите ги одработуваат последните месеци од своите договори, а Наполи нема намера да им ги продолжи истите.

„Tuttomercato“ сугерира дека тимот од Неапол ќе биде прва желба на Гатузо, кој одлично соработуваше со Турчинот во тимот на Милан.

Друга мета за италјанскиот гигант е напаѓачот на „Волците“, Диого Јота. Португалскиот репрезентативец има постигнато 15 голови за англиската Премиер лига сезонава, а агентот Хорхе Мендес би можел да помогне во олеснување на трансферот во Серија А.