Италијански Наполи ќе мора да остане непоразен во последното коло против Реал Сосиедад акп сака да се пласира во следната фаза од Лигата на Европа.

Џенаро Гатузо по ремито од 1:1 против АЗ Алкмар призна дека работите на теренот не се одвивале како што планирал.

„Требаше да го решиме натпреварот многу порано, но не успеавме во тоа, мислам дека имавме среќа што освоивме бод. Им дозволивме премногу простор за игра, правевме грешки. Ако анализираме реално и двата тима имаа шанси но исто така лесно можеше да се случи и да изгубиме.  Севкупно ова не беа добри перформанси. Направивме неколку измени, претходно добивавме разлика во квалитет од клупата за резерви, тоа овојпат не се случи.“ – изјави Гатузо.

По 5 кола Наполи е прв во групата Ф со 10 бода, Сосиедад и АЗ Алкмар имаат по осум а Ријека еден бод.