Наполи се обиде, но не успеа да го победи Јувентус во финалето од Супер Купот на Италија.

Инсиње промаши пенал за израмнување во 80 минута и го навлече гневот на навивачите, но Гатузо тврди дека капитенот не е виновен за поразот.

„Можеме да победуваме или да губиме само како тим, Лоренцо Инсиње не смее да мисли дека загубивме поради него, тоа не е точно. Морам да им се заблагодарам на играчите, едноставно ни недостигаше точен тајминг, но добро реагиравме по примениот гол. Ова беше важен натпреавар а нас ни недостигаше малку среќа. Исто така морам да признаам дека теренот беше катастрофален, не можеше да се игра нормален фудбал со брзи додавања. Ова не е оправдување, ова беа услови и за двата тима.“ – изјави Гатузо.