Џенаро Гатузо одржа чудна и конфузна прес-конференција по елиминацијата на Наполи од Гранада во Лига Европа во 1/16 финалето.

Наполи победи со 2:1 но Гранада со вкупни 3:2 обезбеди пласман во осминафиналето. Натпреварот донесе вкупно 12 минути судиско продолжение, 5 во првото и 7 во второто полувреме

„Примивме апсурден гол. Не се сеќавам на друга нивна сериозна акција. Точно е дека треба да бидете горди на тоа што го направивме, и секако да има и каење. Тие две работи треба да почитуваат повеќе. Во првото полувреме игравме 16-17 минути ефективно, а противникот често пати лежеше и глумеше. Потребна е поголема почит, кога играте. Ако на тим од Италија му беше дозволено вака да игра цел натпревар, следниот ден ќе беше масакриран од светските медиуми, ова го кажувам затоа што стана премногу евидентен стилот на противникот.“-  изјави Гатузо.