Џенаро Гатузо изјави дека неговиот Наполи во дуелот против Барселона ќе мора да одигра без респект и страв против Барселона, која е предводена од Лионел Меси.

Тренерот на Наполитанците се подготвува за својот прв натпревар во Лигата на шампионите како тренер и ќе се соочи со една од најголемите тимови во историјата на ова натпреварување.

„Играме против одличен состав. Утре сакам Наполи  кој не се плаши. На „Сан Паоло“, освен против Јувентус, не игравме како што треба во последниот период. Утре сакам тим што знае да гине за секоја топка. Со доаѓањето на Сетиен Барселона го игра она што го играше со години. Со Валвереде тие ја одземаа топката за 10.секунди, сега тоа го прават за шест“-изјави Гатузо.

Гатузо откри дека е импресиониран од неговиот капитен Лоренцо Инсиње, но исто така призна дека 28-годишниот може да се подобри како лидер.

„Инсиње има мотор во нозете и трча по 12 километри на секој натпревар. Тој нема тело за тоа, но компензира и тактички е многу интелигентен. Капитенот треба да биде конзистентен во она што го прави, тој треба да се подобри како капитен“– додаде тој.

Дуелот се игра утре на „Сан Паоло“ со почетоко од 21:05 часот.