Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, ја коментираше гостинската победа на неговиот тим против Бреша (2:1) во Серија „А“.

„Анализиравме многу видеа и знаевме што можеме да очекуваме од Бреша. Во првото полувреме ни недостигаше острина во нападот. Кога Мертенс добиваше топка, Елмас и Руиз успоруваа. Затоа, пак, во вториот дел се движевме добро без топка и со повеќе сили го напаѓавме противничкиот простор. До крајот на првенството останаа уште 13 кола. За да настапиме во европските натпреварувања ќе ни требаат уште 27-28 бода. Засега сме во зоната на Лига Европа и тоа е важно“, изјави Гатузо.

По 25 одиграни кола, Наполи е на шестата позиција, со освоени 36 бодови во Серија „А“.