Наполи и Елиф Елмас ќе играат против Јувентус во финалето од Купот на Италија откако во реваншот на домашен терен ремизираа против Интер со 1:1.

Предводникот на Наполи, Џенаро Гатузо емотивно го доживеа пласманот во финалето а успехот го посвети на неговата почината сестра.

„Му благодарам на светот за овој фудбал, се квалификувавме во финалето а тоа го посветувам на коите родители и на мојата сестра Франческа, ние бевме многу блиски со неа. Сакам да им се заблагодарам и на фудбалерите за среќата која ми ја донесоа.“ – изјави Гатузо.

За тренерот на Интер, работите на крајот требало да бидат многу поразлични.

„ Ова е Интер кој сакам да го гледам, бевме агресивни и не му дозволивме на Наполи да игра како што сака. Нив ги спаси голманот, тоа е факт. Наполи е во финалето, но ако ги анализираме перформансите, мислам дека мојот тим заслужи да игра во финалето по овие два дуели со Наполи.“ – изјави Конте.