Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо очекува Инсиње повеќе да се труди во иднина ако сака да го задржи првотимскиот статус.

Пред денешниот натпревар во Лига Европа против АЗ Алкмар, Гатузо го издвои Елмас како играч кој може одлично да се снајде на повеќе позиции со различни соиграчи на теренот.

„Ова ќе биде тежок натпревар, тие немаат пораз во домашното првенство. Ако им дозволите простор за игра, ќе ве повредат. Имаме голема почит кон нив и мора да одиграме добар натпревар. Ќе мора да вбидиме дали ќе играме 4:2:3:1 или 4:3:3. Елиф Елмас е единствениот кој може да игра заедно со Фабиан Руиз и со Зиелински. Самиот квалитет не е доволен за да победувате, мора да си ставиме во главата дека мора да се трудиме за да се движиме во позитивен рутам.“ – изјави Гатузо.