Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо изненадувачки не беше задоволен од начинот на кој одигра Наполи против Џенова и покрај тоа што победи со 6:0.

„Резултатот не ја рефлектира нашата игра на натпреварот. Минатата сезона имавме проблем со одржувањето на формата, сега мора да бидеме многу подобри во овој сегмент. Мора да се фокусираме и да го најдеме нашиот баланс. Ни недостигаше играч како што е Осимхенм тој може да напаѓа во простор, сега не постигна гол но креираше неколку одлични ситуации за нас, задоволен сум од начинот на кој ни помогна.“ – изјави Гатузо.

Гатузо потврди дека посакува Кулибали да остане во Наполи и покрај шпекулациите кои го селат стоперот во Англија.