Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, ја коментираше победата на својот тим на средбата со Торино, 2:1, во 26. коло на Серија „А“.

Победивме на 4 од последните 5 средби во сите натпреварувања и кај нас се појави извесна резултатска стабилност. Екипата стана подобра и според квалитетот и според желбата за успех, но мораме да бидеме уште подобри. Сакам во нападот да бидеме убави како Бред Пит, а во одбраната страшни како мене“, изјави Гатузо за Football Italia.

Наполи е шестопласиран во Серија „А“, со 39 бодови.