Наполи ќе се обиде да ја спаси сезоната со продолжување на битката за трофеј во Европа, на денешниот ренваш против Гранада.

Тимот од Шпанија на „Диего Армандо Марадона“ брани предност од 2:0, а Гатузо без половина тим треба да најде концепт кој би му донел победа од 3:0 за Наполи да се најде во осминафиналето од Лига Европа.

„Сите критики се заслужени, во овој момент не ни оди баш најдобро. Одговорноста е моја, оставете ги играчите на мира. Мора да покажеме поголема одговорност на теренот и да го носиме овој историски дрес со почит кон овој одличен град. Ќе видиме, Мертенс најверојатно ќе биде на клупата а можно е Елмас да добие шанса на неговата позиција. Ни недостигаат повеќе играи но верувам во овој тим, се подготвуваме и се надеваме дека ќе можеме добро да се претставиме.“ – изјави Гатузо.