Наполи има време до недела да се обиде да се консолидира и да собере сили за да истрча против Беневенто во 24 коло од Серија А.

Џенаро Гатузо за кој на големо се зборува на Апенините дека ќе добие отказ, по синоќешната елиминација од Гранада во 1/16 финалето од Лига Европа, повторно се наврати на менталната сила на тимот и неговата желба: медиумите да ги остават играчите на мира.

„Не смееме да паднеме во депресија, има уште 17 натпреваро за играње до крајот на сезоната, толку многу поени за освојување. Мора да гледаме напред. Ќе се обидам да го менаџирам тимот за кој знам дека знае што треба да направи. Правиме премногу грешки во коцептот, нешто не не смее да ви се случува на натпреварите а не го правите на тренинзите. Одговорноста е моја, навистика сакам да ги оставие играчите надвор од ова и да им дадете време да се рехабилитираат од оваа елиминација.“ – изјави Гатузо.

Наполи на последните десет натпревари во сите конкуренции има четири победи, пет порази и едно реми.