Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо ја коментираше играта на Лионел Меси, во пресрет на осминафиналната средба во Лигата на шампионите, меѓу Наполи и Барселона.

Читам дека сме требале да го „затвориме“ Меси, ама тоа не е така лесно, бидејќи тој прави работи кои можат да се видат само на Плејстејшн. Го прави тоа што вие не можете ни да го замислите. Тој е најдобар на светот веќе многу години“.

Средбата меѓу Наполи и Барселона ќе се одигра утре, со почеток во 21 часот.