Џенаро Гатузо би можел да се врати во Милан и да го замени Марко Џанпаоло, но само под еден услов – клубот да го напушти техничкиот директор Паоло Малдини.

Милан денес игра против Џенова, а евентуалниот пораз дополнително може да ја скрати ерата на Џанпаоло на клупата кој загуби четири од првите шест натпревари во Серија А.

Италијанските медиуми наведуваат дека Гатузо е подготвен да се врати во Милан само ако Малдини, со кого не се во добри односи, го напушти клубот.

Други имиња кои се споменуваат како можна замена за Џанпаоло се Руди Гарсија, Клаудио Раниери, Арсен Венгер и Андреј Шевченко.