Наполи славеше на гостувањето кај Каљари со 1:0 со голот на Мертенс а нашиот репрезентативец, Елиф Елмас го одигра целиот меч.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо по мечот беше задоволен од прикажата игра од неговите фудбалери а за Елмас посочи дека секојдневно е изненаден од неговиот квалитет и ментална сила.

„Тој знае дека треба да ја подобри својата игра во одредени сегменти. Силен е има технички квалитети кои ме изненадуваат и ме воодушевуваат. Неговата глава секога е на место, постојано е сконцентриран на мечот. Важно е што кога ќе направи грешка, веднаш го брише тоа од умот. Уште еднаш ќе кажам, има 20 години а има фантастичка комбинација на сила и техника. Ако остане со нозете на земја, може да направи нешто големо во фудбалот.“ – изјави Гатузо.

Во следното коло од Серија А, Наполи ќе и гостува на Бреша