Елиф Елмас втор натпревар по ред беше дел од почетниот состав на Наполи. Вчеравечер избраниците на Џенаро Гатузо славеа на гостувањето кај Интер со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Купот на Италија.

Гатузо конечно призна дека погрешил со Елмас кој немаше посериозна минутажа по доаѓањето на Италијанецот на клупата на Наполи.

„Елмас може да игра и како крилен напаѓач, има сила и техника а земете го во предвид фактот дека тој може да напредува. Тој е играч кој дава 100% од себе и многу помага во играта во одбрана. Ги има сите карактеристики да биде голем играч.“ – изјави Гатузо.

Елмас вечера го одигра целиот меч а ја сочинуваше напаѓачката тројна на Наполи заедно со Мертенс и Каљехон.