Фудбалерите на Аталанта се вистинско освежување во Италија, па и во Европа. Со својот офанзивен фудбал тие ја стекнаа наклоноста на милиони навивачи.

Тимот од Бергамо е на добар пат да се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа, откако ја совладаа Валенсија со 4:1 на првата осминафиналната средба.

Во првенството на Италија, Аталанта е на четвртото место и засега има обезбеден пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Но, ако се прашува газдата на Јувентус, Андреа Ањели, тој воопшто не е сигурен дали Аталанта треба да има дирекно учество во Лигата на шампионите.

Имам големо почитување кон сето тоа што го работи Аталанта, но, без меѓународна историја и традиција, со само една добра сезона тие сега имаат директно учество во Лигата на шампионите. Дали е тоа Правилно?“, праша Ањели гостувајќи на форумот “FT Business of Football Summit” во Лондон.

Ова негова изјава во Италија предизвика вистинска лавина на критички реакции на негова сметка.