Сопственикот на Стеауа, Џиџи Бекали, ја објаснува серијата од три натпревари без победа со фактот дека неговите фудбалери премногу практикуваат секс.

Моите играчи премногу често водат љубов со своите девојки и жени, па затоа во последно време не играат толку добро фудбал. Погледнете како е кај Дана Петреску во Клуж. Неговите фудбалери имаат секс само еднаш во неделата, тие само еднаш си ги гледаат жените неделно“, беше сериозен во својата изјава за ESPN Бекали.

Клуж, чии играчи се умерени во сексот, е водечка екипа во првенството со 52 бода.

Стеауа, која страда поради сексуалниот апетит на своите фудбалери, е дури четвртопласирана, со 8 бода помалку од Клуж.