Газдите на Манчестер Сити имаат намера да го купат Нанси, кој се натпреварува во втората француска лига.

Според информациите на L’Équipe, двете страни се многу блиску до договор, па Нанси наскоро ќе стане уште еден клуб во сопственост на City Football Group.

Договорено е сегашниот претседател на Нанси, Жак Русело, да остане на таа позиција и во наредните де сезони.

На холдингот City Football Group, покрај Манчестер Сити, му припаѓаат и Њујорк Сити, Мелбурн Сити и неколку други екипи.