Сопствениците на англискиот премиерлигаш Вест Хем одбија понуда од 350 милиони фунти за продажба на клубот.

Понудата до газдите на лондонскиот прволигаш Дејвид Саливан и Дејвид Голд пристигнала од американски конзорциум чие име не е објавено,  наведоа британските медиуми.

Весникот „Сан’ објави дека заинтересираните купувачи не се откажуваат од својата намера и подготвени се да понудат поделба на сопственоста и купување само на минималниот удел од 51 отсто од акциите.

Според последната ранг листа која ја објави светската ревизирска куќа „Дилојт“, Вест Хем е меѓу првите 18 клубови во светот според остварени приходи.