Џанлуиџи Буфон иако има 41 година е еден од најтражените голмани на фудбалската берза во моментов, поранешниот член на фудбалската репрезентација на Италија е пред враќање во Јувентус.

Престижниот весник „LaGazzettaDelloSport“ тврди дека Буфон е пред враќање во Јувентус, една година откако „раскина“ со „старата дама“ легендата  имапонуда до дајде „дома“.

Договорот на Буфон соПСЖ е завршен, тој е слободен играч, има понуди од Порто, Парма, Лидс Јунајтед, Аталанта и екипи од МЛС лигата, сепак можно е да заврши повторно кај Јувентус , пишува престижниот весник од Италија кој ретко греши.