Леонардо Бонучи, според пишувањата на италијанските медиуми, повторно ќе замине од Јувентус.

Угледниот „Газета дело спорт“ пишува дека Бонучи добил примамлива понуда од францускиот првак ПСЖ кој е подготвен да плати 30 милиони евра.

Заминувањето на Бонучи во француската престолнина не би било изненадување со оглед на тоа дека во Јувентус пристигнува Де Лихт во трансфер вреден 70 милиони евра.

Со доаѓањето на младиот Холанѓанец, Бонучи падна во втор план, а потрагата по нов клуб започнала истиот момент. ПСЖ му понудил најдобри услови, а фудбалерот конечната одлука би требало да ја донесе наскоро.