Кристијано Роналдо ужива во преголемата која му дава клубот и поради тоа играчите на Јувентус повеќе не го прифаќаат како порано. Тоа го тврди Ла Газета Дело Спорт, во чиј текст се наведува дека соиграчите го изолирале португалскиот напаѓач, со кој повеќе немаат добар однос како пред неколку месеци.

Роналдо е најдобар стрелец на Јувентус во Серија А со 27 голови, но на клубот оваа сезона не му оди добро и три кола пред крајот на сезоната е дури на петтата позиција. Лошите резултати ја расипаа атмосферата во тимот, кој минатите девет години ја освојуваше титулата во италијанскиот шампионат, а фактот дека Роналдо има повластен статус додатно ги нарушува односите.

Португалецот поради спонзорите пропушти неколку тренинзи, а не тренираше со тимот ни после поразот од Милан со 0:3, затоа што во друштво со челниците на клубот ја посети фабриката на Ферари во Маранело. Таму веднаш и си купи Ферари Монца СП2 вредно 1.6 милиони евра.

Италијанските медиуми наведуваат дека следните натпревари на Јувентус би можеле да бидат последни за Роналдо, кој можеби ќе побара трансфер ако тимот не се пласира во Лигата на шампионите.