Според италијанските медиуми, Милан ќе му врачи отказ на својот тренер Стефано Пиоли, ако не успее да се пласира во четирите најдобри тима во Серија А на крајот на сезоната.

Во овој момент Милан е петти со 66 бодови, исто колку и Јувентус и Наполи, но има полоша гол разлика од двата тима.

Во 2021 година Милан во просек на бодови кои Милан ги освојува падна од 2.26 ма 1.60, па така Милан од првото падна на петтото место.

Газета Дело Спорт пишува дека кандидати за клупата на Милан се Иван Јуриќ од Верона, а во игра наводно бил и Масимилијано Алегри, кој сепак најверојатно ќе го преземе Јувентус.