Интер  и Јувентус се во фото финиш во броба за потпис на Лукаку, ова го тврди престижната „LaGazzettadelloSport“ во својот последен наслов.

Иако се чинеше дека Интер ги загуби шансите за потпис на Лукаку, ситуацијата с епромени откако Дибала побара голема годишна плата од Јунајтед во размената на играчи со Јувентус.

Тоа го користи Интер кој сега се обидува да стигне до потписот на напаѓачот кого го брка веќе подолго време, пречка е високата отштета која ја бараат Англичаните а која изнесува 80 милиони евра.

Се чини дека клучна беше СМС пораката на Џузепе Марота кон Дибала пред неколку дена кога го покани да дојде во Интер, отогаш па до денес работите се изменија.

Италијанскиот весник тврди дека овие 24 часа се клучни во преговорите на релација Јувентус – Јунајтед и Интер-Јунајтед за потписот на Лукаку.