Престижниот спортски весник „GazzettadelloSport“ ги најави можните состави на сите екипи за првото коло во калчо лигата.

Според овој весник кој важи за добро информиран, Елиф Елмас во првото коло ќе биде резерва кај Наполи. Тимот од Неапол гостува во Фиренца кај Фиорентина.

Во почетниот состав на Наполи нема место за македонскиот „дијамант“ кој одигра одлично на подготовките и доби голема минутажа а беше и стартер на два пати против Барселона.

Натпреварот меѓу Фиорентина  и Наполи се игра в сабота од 20-45 часот.