Престижната „GazzettadelloSport“ ја анализира ситуацијата кај Милан, сметаат дека за излез имаат само едно решение, да го вратат Златан Ибрахимовиќ во Милано.

Проблемот на Милан е високата плата на Швеѓанецот, 14 милиони евра за две сезони, сума која „росонерите“ за 38 годишниот напаѓач ја немаат.

Ибрахимовиќ е лидер, голгетер  и инспиратор, тоа му недостасува на Милан сезонава, таков тим  на играч , решението е едно, но финансиите се голем проблем за екипата од „Сан Сиро“.