Престижниот весник од Италија „GazzettadelloSport“, во анализата за изминатото коло и постигнатите голови на напаѓачите го велича Горан Пандев меѓу Ибрахимовиќ, Пацини, Паласио и Кваљарела.

Пандев постигна гол за Џенова со кој неговиот тим запиша победа против Калјари во борбата за опстанокот.

Според „GazzettadelloSport“ јавноста во Италија премногу се фокусира на Ибрахимовиќ, тука се Пацини кој погоди за Верона, Паласио e извонреден напаѓач на Болоња, Кваљарела на Сампдорија, сите се во гол серија за своите екипи.

Горан Пандев издвојува „GazzettadelloSport“ е врвен напаѓач на 36 години, пример за спортист од екстра класа, за Џенова веројатно клучен играч сезонава, коментира престижниот весник.

Капитенот на македонската репрезентација се запиша во листата на стрелците викендов, за Пандев тоа беше седми гол во сите натпреварувања во дресот на Џнова сезонава.