Интер одигра две различни полувремиња на средбата со Борусија Дортмунд, првото одлично и второто очајно, според „GazzettadelloSport“ проблемот е што клубот не доведе три важни играчи во преодниот рок.

Како што пишува „GazzettadelloSport“, Антонио Конте инсистирал на Един Џеко, Артуро Видал и Фернандо Љоренте, но клубот не му ги исполнил желбите.

Сега интер има сериозни проблеми да обезбеди прогрес во следната фаза во Лигата на шампионите, да ги имаше овие засилувања Интер со сигурност немаше да доживее ваков пресврт со пораз во Дортмунд е констатацијата на престижниот весник од Италија.