Милан е клубот кој е најзаинтересиран да го доведе Марио Геце од Борусија Дортмунд, откако Германецот по крајот на сезоната ги напушта „милионерите“.

Единствен проблем околу овој трансфер плата на Германецот која во Дортмунд изнесува 8.милиони евра по сезона, пари кои „росоњерите“ не се подготвени да му ги дадат. Според „Calciomercato.com“, се очекува Геце да прифати намалување на платата во Милан, а таа нема да изнесува повеќе од 4.милиони евра.

Геце по втор пат ќе го напушти Дортмунд, откако во 2016 година се врати по трите сезони минати во Баерн Минехн.