Зинедин Зидан ќе мора да се снаоѓа без Хамез Родригез и Герет Бејл откако и двајцата не се појавија на денешниот тренинг и најверојатно ќе паузираат уште најмалку една седмица.

Шпанските медиуми најавуваа дека двајцата играчи ќе бидат во комбинација за настап за пресметката со Галатасарај во Лигата на шампионите но тоа нема да се случи.

Колумбиецот започнал со последната фаза од рехабилитацијата но нема дозвола да тренира со топка додека Бејл сеуште е далеку од враќање во ритам.

Реал Мадрид вчеравечер ремизираше со Бетис 0:0 и пропушти шанса да се искачи на првото место во Ла лига.