Реал Мадрид утревечер на „Сантијаго Бернабе“ ќе го пречека ПСЖ во натпревар од 5 коло во групата со амбиција за победа и заверка на пласманот во осминафиналето.

Герет Бејл ќе конкурира за место во почетната единаесетка на Зидан и покрај најавите дека ќе го прескокне овој натпревар. Асеинсио, Лукас, Начо и Хамес се недостапни но добра вест е формата на Модриќ и на Крос по прикажаното против Реал Сосиедад.

ПСЖ во Мадрид патува безмалку со најдобрите, единствено недостасува Курзава кој е повреден а неизвени за настап се Херара и Муние.

На предходното соочување на ПСЖ и на Реал Мадрид во Франција победи екипата предводена од Тухел со 3:0.