Зинедин Зидан го одреди списокот на играчи кои ќе конкурураат за почетната единаесетка за дуелот со Реал Сосиедад во Ла лига.

Изненадувачки меѓу повиканите го нема Винициус но повикан е Герет Бејл кој повторно е фит а провокациите со знамето и пораките кои ги упати за време на неговиот настап за Велс се „заборавени“.

Добра вест за „Кралевите“ е тоа што повторно фит е Менди како и Иско додека недостигаат: Начо, Васкез, Хамес и Асенсио.