Фудбалерот од Велс, Герет Бејл ја одбил понудата да  игра во Кина, ова го тврди престижната „Марка“ од Шпанија која пренесува дека оваа опција не е прималива за играчот на Реал.

Наводно клуб од Кина му понудил на Бејл неделна плата од 1.2 милиони  фунти, сепак тоа не било доволно тој да ја прифати богатата понуда .

Бејл не сака да игра надвор од Европа  и никако во Кина, ќе ги напушти „кралевите“ само доколку добие добра понуда од друг голем клуб тврди  „Марка“. Велшанецот има договор со Реал уште три години со годишна плата од 17 милиони евра.